
ЛУКА ДОНЧИЌ ја покажа својата неверојатна форма со победата на Лејкерс против Мајами со 134:126. За 37:36 минути на терен, Дончиќ постигна 60 поени. Со шут од игра 18/30 и тројки 9/17. Погоди 15 од 19 слободни фрлања. Надополни со седум скока, три асистенции и пет украдени топки. Во последните 24 часа, Дончиќ забележа дури 100 поени, бидејќи претходно вечерта постигна 40 во победата против Хјустон.
Во последните 24 часа Дончиќ даде повеќе поени од неколку клубови
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На социјалните мрежи се споделува графика која покажува дека во тој период даде повеќе поени од – Голден Стејт, Клиперс, Визардс и Нетс.
Во Мајами, Дончиќ го израмни второто најдобро остварување во кариерата. Пред две години на Атланта ѝ даде личен рекорд од 73 поени, додека 60 постигна против Њу Јорк пред четири години. Дончиќ стана првиот стрелец во историјата на НБА лигата кој дал 60 поени за повеќе од еден клуб. Всушност, претходните спомнати натпревари ги одигра со Далас.
Тој стана првиот играч на Лејкерси кој постигнал 60 поени од времето кога во април 2016 тоа го направи легендарниот и незаменлив Коби Брајант во својот последен натпревар за Лејкерси и воедно и завршен натпревар во неговата блескава кариера.