Дома Фудбал Останато Сколс со совет до Јунајтед: Потребен им е Модриќ

Сколс со совет до Јунајтед: Потребен им е Модриќ

scholes

Легендарниот Пол Сколс е убеден дека фудбалер како Лука Модриќ би го спасил Манчестер Јунајтед.

Златните времиња на Манчестер Јунајтед одамна завршија, а екипата која денеска ја води Жозе Мурињо страда на сите фронтови, што тешко им е на оние кои се тесно поврзани за овој клуб, меѓу кои е секако и Пол Сколс. Сколс смета дека на Јунајтед му недостасува квалитет, а зборувајќи за играчите кои би можеле да му помогнат на Јунајтед го издвои Модриќ кој неодамна ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кога ќе ги погледнам играчите на Јунајтед, гледам дека им треба неколку играчи од светска класа. Особено во средниот ред, а мислам дека Модриќ тука одлично би се снашол. Тој е играч кој знае да ги поврзе линиите и да ја контролира средината на теренот. Играч кој има квалитет да даде добра топка и да креира шанса“, изјави Сколс.

Потсетуваме, Сколс одигра 17 незаборавни сезони во дресот на Јунајтед во Премиер лигата, вкупно 676 настапи за „Црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања и 150 гола, што е одлична статистика за еден играч за врска. Со Јунајтед освои 10 премиерлигашки натпревари, три ФА купа и две Лиги на Шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…