Пол Погба е повреден и повторно паузира.
Откако летото пристигна во Јувентус како слободен играч, Погба одигра само два натпревари и на теренот помина вкупно 35 минути.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Статистичарите пресметаа дека Погба така го чинел Јувентус скоро 200.000 евра по минута, поточно – 199.619 евра!
Навивачите се бесни сметаат дека Погба никогаш повеќе нема да биде оној стариот, а како што изгледа веројатно и не му се игра толку многу фудбал како некогаш. Во ситуацијата пред да се повреди беше казнет од Алегри поради доцнење на тренинг и тоа само што се опорави од првата повреда поради која не играше скоро цела сезона.
Дојде бесплатно, но заработува многу повеќе од некои стандардни првотимци на „старата дама“.