Дома Фудбал Јувентус и Погба постигнаа договор

Јувентус и Погба постигнаа договор

Се обидуваше Пол Погба да остане и да добие нова шанса во Јувентус, но како што стојат работите ќе мора да се помири дека ќе го промени клубот.

Реномираниот „Скај Спорт“ објави дека двете страни постигнале договор за раскин на соработката.

Погба доби намалување на суспензијата од четири години на 18 месеци, но клубот имаше други планови и сакаше да се ослободи од неговата плата од осум милиони евра.

Договорот на Погба е со важност до 2026 година, но ќе биде предвремено раскинат. Фудбалерот имаше понуди од Англија, Саудиска Арабија и, но сега се најавува дека фаворит за неговиот потпис е Интер Мајами.

Во периодот на суспензијата платата на Погба беше замрзната и тој добиваше 2.000 евра месечно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лидс чека шанса од Порто: Сануси на радарот за јануари

Договорот на Заиду Сануси истекува на крајот од сезоната, а Лидс ја следи ситуацијата со н…