Пол Погба и дефинитивно се раздели со Јувентус и во овие моменти е во потрага по нов клуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според информациите на медиумите тој тренира во Мајами на Флорида и одредени извори истакнуваат дека таму би можел да остане.
Погба има право да потпише за новиот клуб во јануари, а официјално да заигра во март кога ќе му истече суспензијата од 18 месеци. Веќе Французинот ги одби понудите од Саудиска Арабија и наводно му одговара американскиот стил на живот.
Токму затоа Мајами изгледа како одлична дестинација. Французинот имаше желба да се докаже во Европа, но веројатно ниту еден поголем клуб од Европа не сака да ризикува со него.
Во Интер Мајами веќе се: Меси, Бускетс, Алба и Луис Суарез, па Погба само би го зголемил бројот на познати имиња во клубот.