Дома Трансфер зона Преговорите започнале: Погба останува во Европа?

Преговорите започнале: Погба останува во Европа?

Зад Французинот Пол Погба е исклучително тежок период во кој беше суспендиран за допинг, а потоа неговата суспензија се намали од четири години на 18 месеци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По намалувањето на казната тој ќе може да се врати на терените во март 2025 година, меѓутоа како што стојат работите тоа нема да биде во Рома.

Јувентус не сака да го задржи Погба кој е во потрага по нова средина. Доби фудбалерот за врска понуда од МЛС и Саудиска Арабија, сепак неговата желба е да остане во Европа.

Но, сега изгледа добил и таква опција. Турските медиуми објавија дека агентот на Погба бил забележан на преговори со раководството на Галатасарај.

Наводно, тие се заинтересирани да му дадат шанса на Погба кој ако влезе во потребната физичка форма сигурно би бил големо засилување за турскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…