Tренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги загуби нервите во финишот од финалето во Купот на Италија кое „старата дама“ го доби со 1:0 против Атланата.
Алегри иако не збеснува често, вчера тоа му се случи. Почна италијанскиот стратег да беснее на судиите и да соблекува, а наводно по натпреварот му се заканувал на директорот на „Тутоспорт“, Гуидо Вачаго.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Информацијата за заканите кон Вачаго ја пренесе и познатиот Фабрицио Романо.
„Ти си едно го*но! Напиши ја вистината во твојот весник, а не она што ти го кажува клубот, знам каде да те чекам. Ќе дојдам и ќе те претепам. Ти кажувам, напиши ја вистината“, наводно биле зборовите со кои Алегри му се обратил на Вачаго.