Дома Македонски спорт Синот на Врбица Стефанов продолжува да гради кариера во Италија

Синот на Врбица Стефанов продолжува да гради кариера во Италија

Рубин Стефанов, синот на македонската кошаркарска легенда Врбица Стефанов и официјално во наредните две години ќе го носи дресот на Канту. Во италијанскиот тим македонскиот топ-проспект ќе настапува за екипите „Под 16“  и „Под 19“ години.

Претходно, во текот на ова лето беше Стефанов беше на проба во евролигашот Армани Милано, но сепак се одлучи на договор со клубот од Канту.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пред почетокот на пандемијата предизвикан од коронавирусот, младиот кошаркар, роден 2005 година, играше за екипата на Римини Крабс.

Потоа, една сезона беше дел од тимот на Ангели од Скопје, од каде одново се врати во Италија. Стефанов веќе доби дозвола за настап и наскоро ќе го одигра првиот меч за младите селекции на клубот од Канту.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…