Дома Фудбал Италија Се спрема „чистка“ по желба на Конте?!

Се спрема „чистка“ по желба на Конте?!

Аурелио Де Лаурентис не може да ја најде вистинската формула и изгледа негова голема желба повторно е Антонио Конте.

Наполи минатата сезона по 30 години чекање го освои Скудетото, а потегот да му дозволи на Лучијано Спалети да си замине за Де Лаурентис се покажа како погрешен. Се обиде со Руди Гарсјај, па Валтер Мацари и сега со Франческо Калцона, меѓутоа тимот никако да влезе во посакуваната форма.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Медиумите во Италија денеска пишуваат дека Де Лаурентис се уште се обидува да го убеди Конте и дека му ветил голема летна „чистка“ и пари за засилувања/

Во тој случај Конте би го подготвил тимот само за домашната сцена, Наполи нема да игра во Европа. Но, Конте се поврзуваше и со Милан, па ќе видиме каде ќе заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…