Дома Трансфер зона Се спрема „чистка“ во Париз: ПСЖ сака да се ослободи од 10 фудбалери

Се спрема „чистка“ во Париз: ПСЖ сака да се ослободи од 10 фудбалери

Нов спортски директор на ПСЖ стана Луис Кампос кој како што стојат работите ќе донесе големи промени во Париз.

Според најавите од француските медиуми во наредниот период 10 фудбалери кои се означени како „вишок“ би можеле да си заминат.


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


 На „црната листа“ се Марцин Булка кој се сели во Нива, потоа Ареаола во Вест Хем, овие трансфери се скоро завршени. Се најавува и дека дел од тимот наредната сезона нема да бидат: Тил Керер, Абду Дијало, Серхио Рико, Идриза Геј, Арно Калимуендo, Мауро Икарди, Леандро Паредес, како и бразилската ѕвезда Нејмар.

Нејмар секако е најзвучното име и неговиот трансфер ако замине дефинитивно би бил еден од најголемите ова лето, Бразилецот во претходниот период најмногу се поврзуваше со Челзи и Јувентус.

Кога се засилувањата во прашање следен кој се најавува во Париз е Милан Скриниар од Интер кој би можел во Париз да пристигне за 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го возвраќа ударот, тргнува по Винисиус

Килијан Мбапе неодамна и официјално потпиша за Реал Мадрид како слободен агент, а сега ПСЖ…