Иако Жоан Лапорта не беше оптимист во својот јавен настап за враќањето на Меси (ТУКА), сега таткото на Аргентинецот беше забележан на состанок со Аргентинецот.
Дел од шпанските медиуми веќе пренесуваат и дека Барселона добила финаниски „амин“ за да го го регистрира Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Меси сака да се врати во Барселона и јас би го сакал тоа. Можам да кажам дека целиме кон такво нешто. Наскоро ќе знаете што ќе се случува“, изјави Жорге Меси.
Се оценува дека состанокот поминал позитивно.
„Тешко е, правиме се што можеме, но не знам дали тоа ќе биде доволно“, гласеше последната изјава на Лапорта на оваа тема, меѓутоа таа беше дадена пред овој состанок.
🚨 Jorge Messi and Barcelona president Joan Laporta — meeting now to discuss Leo’s return after La Liga approved the plan.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 5, 2023
More to follow on the Messi saga, key hours and days ahead.
🧨🎥 Exclusive video by @tjuanmarti pic.twitter.com/Fshgi2xX8f