Со победата од 4:1 над Алтај минатиот викенд, турскиот Ејупспор обезбеди пласман во турскатаа Суперлига, а со тоа пораснаа и апетитите на турскиот клуб, чиј прв тим од клупата го предводи Арда Туран, поранешениот играч на Барселона и Атлетико Мадрид.
Претседателот Мурат Озкај најави дека со влезот во првата лига ќе почне да прави големи инвестиции и да носи познати ѕвезди на европско ниво и не крие дека го гледа Лука Модриќ како главна цел.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Нема врска дали има 37 или 40 години, ние го сакаме“, порача Озкај.
Ејупспор за прв пат во својата историја влезе во првата лига, а беше блиску и лани, но изгуби во плеј-офот за да се пресели во повисок ранг. Туран го предводеше клубот до двата успеси, а сега се чини дека растот на клубот може да продолжи. Интересот на Ејупспор за Модриќ е сосема неочекуван, но од клубот најавуваат дека ќе испратат официјална понуда до хрватскиот играч за врска.
Да потсетиме, Динамо веќе извесно време активно го убедува Модриќ да се врати во Загреб на лето, доколку реши да го напушти Реал Мадрид. Останува да го почекаме летото и да видиме каква ќе биде одлуката на Модриќ.