Дома Фудбал Италија „Се плашам од cмртта, но сум возбуден да дознаам што има на другата страна“

„Се плашам од cмртта, но сум возбуден да дознаам што има на другата страна“

Денес фудбалскиот свет остана без италијанската легенда Џанлука Вијали кој почина на 58-годишна возраст по долга борба со ракот на панкреасот.

Со оваа болест Вијали се бореше пет години, а втората битка не успеаа да ја добие откако пред еден месец состојбата му се влоши.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Пред пет години Вијали дозна дека има рак на панкреасот и во првиот обид успеа да победи, меѓутоа болеста се врати и беше приморан да се повлече од репрезентацијата на Италија по ЕУРО 2020 каде што беше во улоган а помошник.

Вијали до последен момент се бореше, а неговата изјава кога му беше откриен ракот покажува за каков човек стануваше збор.

„Се плашам од cмртта, тоа е нормално. Не знам кога моето светло ќе се изгаси и не знам што има од другата страна на тунелот и сум возбуден да дознаам.

Ќе бев сигурно посреќен да не бев болен, но сега го прифаќам тоа како дел од животот и мора храбро да го живеам да научам нешто. Животот е 10% она што ни се случува, а 90% како ние реагираме на тоа“, зборуваше Вијали.

Вијали е легенда на италијанскиот фудбал и како фудбалер настапуваше за Сампдорија, Јувентус и Челзи. Во 1991 година со Сампдорија ја освои единствената титула во историјата на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…