Дома Фудбал Италија Серија А може да се прекине?

Серија А може да се прекине?

Во Италија постои можност за прекин на Серија А, пренесуваат медиумите на Апенините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ковид-19 „бум“ се случи вчера кога Џенова објави дека во своите редови има 14 позитивни, од нив осум биле фудбалери, а шестмина играле против Наполи за викендот. Македонскиот капитен Горан Пандев во изјава за нашиот сајт ни потврди не е помеѓу позитивните, но денес на сите ќе им биде направен втор тест. Резултатите со нетрпение ги чекаме и ние и поради Елмас кој играше во овој натпревар.

Ваквиот хаос би можел да доведе до прекин на Серија А. Според информациите за ваква опција во овие моменти размислуваат челниците на италијанскиот фудбал. Покрај прекинот опција е и да бидат одложени натпревари на екипите каде што има повеќе позитивни случаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лина испиша историја, ќе игра на Вимблдон!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја потврди одличната форма во која игра во п…