Дома Македонски спорт Седум медали за Македонија на Белградскиот триатлонски куп

Седум медали за Македонија на Белградскиот триатлонски куп

Два златни и пет сребрени медали освоија членовите на триатлонскиот клуб „Триоџи“ од Скопје на Белградскиот триатлонски куп.

Иако овој клуб постои само 18 месеци, се поевидентен е напредокот на членовите на „Триоџи Рејсинг“, а најдобар доказ за тоа се и постигатите резултати на 24-от по ред Белградскиот триатлон куп кој се одржа во Ада Циганлија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во силна конкуренција, македонските кадетски/младински репрезентативци и членови на „Триоџи Рејсинг“ ги освоија следните награди:

Елена Зисовска – 2 место (сениорки)
Иво Јован Димовски – 1 место (кадети)
Бојан Кралевски – 2 место (кадети)
Бојана Ѓорѓијеска – 2 место (јуниорки, за прв пат на супер спринт дистанца 750+20+5км)
Марио Брезовски – 1 место (млади надежи)
Бобан Јаневски – 2 место (млади надежи)
Јана Ѓорѓијевска – 2 место (млади надежи)

На натпреварот во Белград, претходеа подготовки за Крос триатлонот во Крагујевац, Србија, што се одржа на 21 мај, каде исто така беше освоенподиумот повеќе пати:

Антонија Брезовска – 1 место (мастерс жени)
Бојан Кралевски – 3 место (кадет)
Здравчо Здравев – 3 место (надежи)
Марио Брезовски – сребрен медал(млади надежи)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…