Дома Фудбал Останато Светско клупско првенство: Нема финале Ривер – Реал, Ал Аин преку пенали до стигна до сензација!

Светско клупско првенство: Нема финале Ривер – Реал, Ал Аин преку пенали до стигна до сензација!

Со почеток од 17:30 часот денес се одигра вториот полуфинале натпревар од Светското клупско првенство помеѓу Ривер и Ал Аин.

Шампионот на Јужна Америка беше голем фаворит во овој натпревар и сите очекуваа да се пласираат во големото финале каде што ќе играа со Реал Мадрид или Кашима. Сепак, Ал Аин приреди вистинска сензација и преку пенали ги елиминираше.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Ал Аин до предност стигна рано после само три минути игра. Ривер сепак успеа да го сврти резултатот до 16-тата минута со двата гола на Боре. Аутсајдерот на хартија до изедначување стигна во 51-та минута преку Чиао.

Овој резултат беше актуелен и после истекот на регуларните 90 минути, а победникот го одлучија пеналите. Треба да се истакне дека Мартинез не реализираше пенал за Бока на 20 минути пред крајот.

Во пенал серијата единствениот кој не беше прецизен беше Перез кој шутираше последен.

Интересно е што Ал Аин не е континентален шампион и на овој турнир игра само поради тоа што е домаќин, но и сепак приреди сензација и стигна до финалето (стартуваше од првото коло на турнирот).

Реал Мадрид и Кашима својот натпревар го играат утре со почеток во 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ништо од Бенфика – Жоао Феликс најде нов клуб и ги изненади сите

Жоао Феликс беше едно време еден од најголемите потенцијали во европскиот фудбал, но негов…