Во присуство на околу двесте гости, во најголем дел креатори, сопственици, дизајнери, автори на содржините на голем број македонски веб-сајтови, во Македонската опера и балет на 16.12.2017 г. беа доделени наградите Сајт на годината за 2017 година.
Манифестацијата се одржа осма година по ред, во организација на дигиталната маркетинг агенција Media Solutions која е сопствeник на платформата keepaneye.mk,а со поддршка на Министерството за култура на РМ, Градот Скопје и Кожувчанка ДОО Кавадарци. Сајт на годината низ годините прерасна во престижна манифестација, која има за цел да ги истакне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Карактеристично за овој натпревар е тоа што македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат за своите омилени сајтови на сајтот на манифестацијата. Оваа година своите гласови ги дадоа речиси десет илјади интернет посетители од Македонија, и за најдобар сајт го избраа lyoness.mk.
Најстариот спортски портал во Македонија, Спортски.мк оваа година доби трето место во категоријата најдобар спортски сајт.