Обложувањето има повеќедецениска историја во Македонија, но благодарение на интернетот, оваа активност го достигна врвот на популарноста.
Десетици македонски граѓани секојдневно се обложуваат на натпревари во различни спортови, лиги, и турнири. Доколку ѝ вие сте заинтересирани за оваа активност, треба да знаете дека имате достапни стотици онлајн обложувалници. Затоа не е чудно што kladenje mk е една од најкористените фрази на интернет пребарувачите во нашата земја. Вакво пребарување ќе ви приложи стотици резултати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За да ви заштедиме време и енергија, го напишавме овој краток водич кој ќе ви помогне да научите како да изберете добри онлајн обложувалници во Македонија. Во него ќе имате можност да прочитате за четирите најважни работи кои треба да ги имате предвид пред да изберете обложувалница:
- Бонуси/промоции
- Опции за плаќање
- Понуда (видови обложување и спортови)
- Корисничка поддршка
Проверете ги бонусите и промоциите
Една од најдобрите работи во врска со онлајн обложувалниците е можноста да добиете атрактивни бонуси и промоции. Без разлика дали сакате да се обложувате на тоа кој ќе биде следниот победник во англиската Премиер Лига или на некои помалку популарни натпревари, секогаш е добро да добиете бонус.
Се разбира бонусите не треба да бидат единствен фактор кој ќе влијае на вашата одлука да се регистрирате на некоја веб страна посветена на обложување. Сепак, би било паметно да ја искористите ваквата можност. Најдобрите онлајн кладилници во Македонија нудат различни видови на промоции.
Бонусот за нови играчи, односно за новорегистрирани членови кои ќе стават пари за прв пат на сајтот, е еден од најчестите бонуси кои може да ги искористите на овие сајтови. Тука е важно да изберете понуда која нема да се темели само на сумата на пари која ќе ја добиете туку и на условите. Внимавајте колку пати треба да ја вложите сумата која ви доделена пред да можете да ги повлечете парите (што помалку пати, тоа подобро). Исто така, внимавајте на роковите и максималната сума која може да ја добиете.
Би било добро доколку обложувалницата има и дополнителни бонуси за редовните играчи. На пример, многу вакви сајтови даваат бонуси на постојани играчи кои ставаат депозити во одреден ден од неделата. Некои нудат и бесплатни облози. Воедно и за овие бонуси клучно е да ги прочитате правилата и условите за користење.
Анализирајте ги опциите за плаќање
Со оглед на тоа дека не сите опции за онлајн плаќање се достапни во Македонија, важно е да ги анализирате опциите за плаќање во онлајн кладилниците. Се разбира, најдобро е да имате што повеќе избор, но постојат и други работи кои треба да ги имате предвид.
Добар сајт за кладење треба да прифаќа дебитни и кредитни картички (VISA, MasterCard и тн.) и банкарски трансфери како методи за пренос на пари од и до сајтот. Би било уште подобро доколку прифаќа и електронски паричници како PayPal (внимавајте: повлекување на пари преку PayPal сè уште законски не е достапно во Македонија), Skrill или Neteller. Во последно време има обложувалници кои прифаќаат и криптовалути, па доколку користите крипто проверете дали платформата поддржува вакви трансфери.
Како што рековме, не е само бројот на опциите за плаќање кои влијаат на корисничкото искуство во онлајн обложувалниците. Играчите треба да проверат за колку време сајтот ги обработува барањата за повлекување пари (вообичаено им требаат 2-3 работни денови) и кои се лимитите во однос на најмалата и најголемата сума на пари кои може да се повлечат одеднаш или на месечно ниво.
Видете кои спортови и кои видови на облози ги има во понудата
Иако повеќето од нас се обложуваат на фудбал, би било добро да имате можност да си ја пробате среќата (и знаењето) во други спортови. Добрите онлајн обложувалници имаат понуди кои опфаќаат повеќе од 20 спортови вклучувајќи кошарка, тенис, ракомет, одбојка, како и спортови кои се традиционални во Северна Америка. Дополнително, би било добро ако има понуди за различни натпреварувања и турнири во склоп на тие спортови.
Видовите на облози исто така играат значајна улога во процесот на избор на онлајн обложувалница. Покрај можноста да се избере победник на натпреварот или да предвидите дека истиот ќе заврши нерешено, вашето искуство би било побогато доколку можете да предвидите други работи поврзани со мечот, како на пример број на постигнати голови/поени, можност за кладење на хендикеп, број на исклучувања, корнери и друго.
Тестирајте ја корисничката поддршка
Иако користењето на овие сајтови е едноставно, постојат ситуации во кои можеби ќе ви биде потребна помош. Квалитетен сајт би требало да има професионална корисничка поддршка која ќе биде достапна во било кое време од денот. Речиси сите имаат имејл поддршка, но наш совет е да најдете опција која нуди и разговор во живо, а и телефонска поддршка.
Со оглед на тоа што македонскиот пазар е сѐ уште мал, добивање поддршка на македонски јазик е реткост, но затоа речиси сите го користат англискиот јазик. Како и да е, тестирајте ја корисничката поддршка бидејќи никогаш не знаете кога ќе се најдете во ситуација во која ќе ви треба помош.
Се надеваме дека со помош на овој текст ќе изберете добра онлајн обложувалница која ќе ги исполни и надмине вашите очекувања.