Дома Фудбал Италија Сасуоло – Лацио: Дали не очекува уште една голеада!?

Сасуоло – Лацио: Дали не очекува уште една голеада!?

По завршувањето на европските натпревари во четвртокот во рамки на Лигата на Европа, непредвидливиот Лацио гостува кај Сасуоло во недела. Ова е меч помеѓу две екипи кои играат крајно променливо сезонава и од кои може да се очекува секаков резултат.

Лацио сонува за две победи во низа

Екипата на Лацио помина како второпласирана во нивната група во Лига Европа. Одиграа реми без голови против Галатасарај во четвртокот вечерта, со што Лацио пропушти можност да победи и да дојде до првото место во групата Е, со што ќе обезбедеше директен пласман во осминафиналето на Лига Европа. Сега ќе мора да игра и 1/16 финале.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Но лацијалите сега се насочуваат кон домашната лига каде им престојат тешки битки. Колку Лацио игра под просекот, говори и фактот што екипата сезонава има само две врзани победи во Серија А и тоа во првите две кола од сезоната. Сега конечно, имаат повторно можност за две победи во серија откако минатото коло Лацио славеше над Сампдорија со 1:3 на гости.

Лацио сруши негативен рекорд стар 63 години

Маурицио Сари се наоѓа под голем притисок од управата, навивачите, медиуите од главниот град, а тој притисок се одразува и на фудбалерите кои во последно време како да играат со тегови на нозете.

Генерално, Лацио сезонава е добар на домашен терен, но е очаен на гости. Имаат две победи и ремија и четири порази надвор од Олимпико и тоа е се чини главниот проблем на Сари. Вториот главен проблем е одбраната. Само пет екипи и тоа оние кои се борат за опстанок имаат примено повеќе голови од Лацио кој до сега има 30 гола во својата мрежа.

Во нивните први 16 натпревари во една сезона во Серија А за прв пат примаат 30 гола уште од 1958 година – податок од кој се срами и Сари, но и фудбалерите.

Сасуоло влезе во ритам

Сасуоло не е ништо подобар од Лацио сезонава. И оваа екипа имаше високи амбиции пред сезоната но во моментов се наоѓаат на 12-то место. Сепак, мора да се напомене дека имаат само пет бода помалку од Лацио и седум бода помалу од местата кои водат во Европа, па за Сасуоло ништо не е изгубено.

Се чини дека за разлика од Лацио, оваа екипа полека фаќа некаков посакуван ритам. Сасуоло нема пораз на последните четири меча откако загуби од Удинезе со 3:2. Потоа следеа вистински голеади и три ремија со по идентични 2:2 против Каљари, Наполи и Специа, како и една победа меѓу ремијата од 1:3 над лидерот на табелата Милан.

Голем проблем за Сасуоло е што не може д аодигра на високо ниво 90 минути. Како по навика играат добро само во одредени периоди на речиси сите натпревари. Затоа во неколку наврати губеа бодови кога имаа сигурно водство, но и знаеја да возвратат кога губеа, како што беше случај минатото коло кога губеа со 2:0 од Специа, но на крајот дадоа два гола за поделба на бодовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шкотски навивачи поминале низ хорор: Биле малтретирани и понижувани во Загреб?!

Многу навивачи на Селтик ден пред натпреварот против Динамо во Лигата на шампионите (1:1),…