Дома Фудбал Англија Санчез: Не жалам за трансферот во Манчестер Јунајтед!

Санчез: Не жалам за трансферот во Манчестер Јунајтед!

Со заминувањето на Мауро Икарди во ПСЖ, дресот со бројот 7 остана слободен, па на крајот заврши кај засилвуање од Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Чилеанецот во текот на поголемиот дел од кариерата го носеше токму овој број, па во Интер се надеваат дека овој број ќе му донесе среќа.

Санчез иако призна дека доаѓа во Интер да ја спаси кариерата, сепак тврди дека не жали за неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед, каде не се снајде најдобро.

„Среќен сум што се преселив во Манчестер Јунајтед. Секогаш сум го кажувал тоа, тој е најтрофејниот клуб во Англија. Кога пристигна понудата од Јунајтед веднаш ја прифатив. Сакав да одам на Олд Трафорд и да освојувам трофеи. Не жалам за тоа воопшто“, изјави Санчез.

„Ако ме оставеа да играм цели натпревари, сигурно ќе успеев. Некогаш играв 60 минути, а потоа следниот натпревар бев на клупата и немав поим зошто“, додаде Чилеанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…