Интер денес и официјално го промовираше Антонио Конте за нов тренер на тимот.
Објавата за именувањето на Конте за наследник на Лучијано Спалети стигна уште во раните утрински часови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Конте беше без ангажман од минатото лето кога си замина од Челзи каде што работеше две сезони. Ја водеше селекцијата на Италија, а претходно токму тој ја започна доминацијата на Јувентус во Серија А.
Освен што беше тренер на Јувентус, Конте е играчка легенда на Јувентус каде што едно време беше и капитен. Токму поради навивачите на „старата дама“ нема да му простат што го превзема Интер (најголемиот ривал и клубот кој најмногу профитираше од исфрлувањето на Јувентус во Серија Б). Фановите на Јувентус бараа да се отстрани ѕвездичката со името на Конте која е ставена на стадионот во делот каде што се оддава признание на легендите на клубот од Торино.
Ако му беа лути со самото тоа што го превзема Интер сигурно ќе бидат уште повеќе после изјавата која ја даде на претставувањето.
„Започнувам еден нов предизвик и навистина сум возбуден. Ќе се обидам да возвратам на довербата која ми е дадена. Ги избрав Интер затоа што знам за каков клуб се работи, имаат навистина амбициозен проект. Покрај тоа го избрав и поради историјата, ќе го вратам овој клуб онаму каде што припаѓа“, изјави Конте.