Aко веруваме на Јан Аге Фјортоф поранешен фудбалер кој важи за десна рака на семејството Халанд во трката за напаѓачот се само два клуба – Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Повремено тој зборуваше на оваа тема и до денес ги даваше најточните информации, а сега вели дека само споменатите два клуба се во игра да го доведат Халанд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сагата околу Халанд влегува во завршна фаза и фаворити за неговиот потпис се Манчестер СИти и Реал Мадрид. Многу клубови ќе кажат дека Халанд е прескап, но реалноста е дека тие два клуба се во игра кој ќе победи останува да видиме“, изјави Аге.
Халанд на трансфер пазарот вреди околу 75 милиони евра колку што ќе добие Борусија Дортмунд, дополнителни 50 веројатно ќе завршат на сметката на Мино Раиола и Алфи Халанд. Самиот играч би требало да добие плата помеѓу 30 и 40 милиони евра.