Дома Македонски спорт РФМ ќе организира проштален натпревар во чест на трите македонски легенди!

РФМ ќе организира проштален натпревар во чест на трите македонски легенди!

Светското првенство во Полска и Шведска наредната година ќе биде нова можност за претставување на Македонија и продолжување на континуитетот на настапи на големите натпреварувања.

На овој Мундијал ќе бидеме без Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов, против Чешка двете македонски големи ракометни имиња го одиграа својот последен натпревар во репрезентативниот дрес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сакам да изразам благодарност до Миркуловски и Стоилов. Тие, заедно со Кирил Лазаров заслужуваат едно величенствено испраќање. Планираме посериозна организација, за на вистински начин да им се заблагодариме, да имаат испраќање пред полна сала како што заслужиле“, изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов на денешното собрание.

Лазаров засега официјално не потврдил дека се повлекува од кариерата како играч во репрезентацијата, но сепак јасно е дека во наредните натпревари се повеќе ќе го гледаме само на клупата.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Надал во Мадрид направи нешто што не му успеало две години

Спортската јавност долго време го чекаше враќањето на поранешниот најдобар тенисер во свет…