Лука Модриќ ги освои сите индивидуални награди во 2018 година и беше прогласен за најдобар фудбалер во светот.
Оваа одлука крена голема прашина во фудбалската јавност и се отвори голема дискусија за тоа дали Модриќ го заслужи престижното признание.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мислењата на оваа тема и понатаму се поделени и многумина сметаат дека Роналдо повеќе ја заслужи оваа награда од Хрватот. На страната на Роналдо сега застана и неговиот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.
„Модриќ е фантастичен играч, има одлични додавања и контрола на топка. Не е толку брз, но поминува покрај своите чувари. Сепак за мене тој не е најдобар во светот. Можеби и ја заслужи наградата, но јас својот глас би му го дал на Роналдо“, изјави англискиот ветеран.
Хрватскиот капитен така ја прекина десетгодишната доминација на Кристиано Роналдо и Лионел Меси. На третата позиција заврши Французинот, Антоан Гризман.