Дома Фудбал Италија Роналдо на распит поради истрагата на Јувентус

Роналдо на распит поради истрагата на Јувентус

Италијанските обвинители може да го повикаат Кристиано Роналдо на распит поради истрагата на финансиските операции на Јувентус.

Минатата недела полицијата влезе во канцелариите на Јувентус, а обвинителството покрена истрага поради измами при прикажување на трансферните суми. Сомнителни се дури 42 трансфери на „старата дама“.

Обвинителството ќе ги испитува евентуалниот таен договор помеѓу Јувентус и Роналдо поврзан со неговата плата, како и со договорот за компензацијата која ја добил при трансферот во Манчестер Јунајтед.

Италијанските медиуми тврдат дека постојат телефонски разговори во кои директори на Јувентус зборуваат за сомнителни документи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Страшна трагедија во Португалија: Фудбалерот се сруши во десеттата минута и почина

Португалскиот фудбал е завиен во црно по смртта на 25-годишниот Кевин Кастро, поранешен фу…