Една од главните трансфер цели на Милан во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Рома, Никола Заниоло.




22-годишниот офанзивен играч има договор со Рома до 2024 година. Заниоло одбива да го потпише нов договор со „волчицата“, па тоа ќе ја натера Рома сериозно да размисли да го продаде ова лето.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Рома за неговата слобода бара најмалку 40 милиони евра, а Милан испратил прва понуда од 25 милиони евра плус Салемакерс.




„Волчицата“ ја одбила понудата, но Милан не се откажува и ќе продолжи да преговара со римскиот клуб.