Капитенот Стефан Ристовски со емотивна порака на Инстаграм и се заблагодари на нацијата за поддршката кон фудбалската репрезентација.
„Драги наши навивачи, Од срце сакам да ви се заблагодарам за моментите кои ги доживеавме. Ова беше неверојатно искуство за сите нас. Покажавме храброст и заедништво. Сплотени дојдовме на чекор до остварување на сонот на многу генерации. Горд сум на тимот. Заедно славиме, заедно тагуваме. Верувам дека во иднина ова искуство ќе ни донесе нов пласман на големо натпреварување. Македонско сонце го огреа светскиот фудбал. Ние сме шампиони на срцата, а некогаш тоа е поважно од се. Нестрпливи до следниот предизвик. Верувајте во оваа Македонија. Напред Македонија, Рики“ стои во пораката на капитенот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На ова веднаш реагираше португалската ѕвезда и негов добар пријател Бруно Фернандеш, кој му порача на Ристовски:
„Те сакам брату, ти си пример за сите во твојата држава“.