Играчот за врска на Реал Мадрид, Федерико Валверде бил мета на Барселона, Манчестер Јунајтед и Арсенал пред да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ во 2016 година.
Валверде најпрво играше во Реал Кастиља, но оваа сезона покажува одлични партии за првиот тим и покажа дека може да биде иднина на „кралевите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претседателот на Пењарол, матичниот клуб на Валверде откри дека играчот можел лесно да заврши во Барселона.
„Валверде во иднина ќе ја освои Златната топка. Тој е еден од најголемите играчи на Уругвај заедно со Суарез и Форлан. Тој е неверојатен талент кој го разбира фудбалот и напредува секоја година. Арсенал најпрво го покани во неговиот тренинг капм, а потоа дојдоа со понуда која не ја прифативме. Манчестер Јунајтед и Барселона исто така го следеа и беа спремни да го донесат, но не сакаа да ја платат бараната сума“, објаснува Родолфо Катино.
„Реал ја искористи таквата ситуација и силно го посакуваше Федерико бидејќи нивниот скаут виде нешто специјално во него. Дојдоа во Монтевидео, се договоривме и го купија играчот“.
"Arsenal came to Montevideo to sign Valverde, but their offer was too low"https://t.co/8d3KtuiY65
— AS English (@English_AS) November 29, 2019