Дома Фудбал Реал Мадрид ги моли навивачите да не излегуваат на улиците

Реал Мадрид ги моли навивачите да не излегуваат на улиците

Водечкиот клуб во шпанското првенство Реал Мадрид испрати молба во случај навивачите да се собираат на јавни простори по повод освојувањето на титулата , нешто кое многу веројатно ќе се случи.

Реал Мадрид има два бода повеќе од второпласираната Барселона на девет кола пред крајот на првенството и утре на свој терен ќе играат против Виљареал, со победа во овој дуел би ја обезбедиле 34. титула шампион.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Победите и титулите секогаш со задоволство ги делиме со навивачите, но во овој момент сме свесни за ситуацијата во која се наоѓаме. Поради тоа сите мораме да дадеме свој дорпинос за да го избегнеме ризикот од зараза“, стои помеѓу другото во соопштението на Реал.

Шпанија е една од најпогодените земји од коронавирусот во Европа. Во оваа земја од коронавирусот се заразени околу 300.000 луѓе, а 28.400 починаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кјаер објави дека го напушта Милан

Симон Кјаер денес и официјално потвди дека ќе го напушти Милан по истекот на сезоната. Дог…