Незадоволството на играчите на Манчестер Јунајтед кон менаџерот Оле Гунер Солскјер се зголемува, што го натера на размислување раководството дали да му даде отказ на Норвежанецот веднаш.
Првичниот план на раководството беше Солскјер да остане на кормилото до лето, но играта на Јунајтед против Ливерпул и Сити ја променило ситуацијата. Фановите исто така го изразија своето мислење и го исвиркаа Солскјер за време на градското дерби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според „Дејли Мејл“ голема група на фудбалери ја загубило целосно довербата во работата на Солскјер. Според весникот Бруно Фернандеш е едно од позначајните имиња кои сметаат дека тимот не се развива под водство на Норвежанецот.
Медиумот тврди дека се уште повеќето играчи го симпатизираат Ван де Бек и не разбираат како е можно Солскјер да му дава шанса да игра. Исто така тренерот го пушти во игра Маркус Рашфорд кој имаше настаника и не тренирал три дена.
Кристиано Роналдо пак е силно растревожен од падот на стандардите во клубот во однос на времето кога тој дојде за прв пат на „Олд Трафорд“.