Дома Фудбал Англија Расположен Јунајтед, стрелаа Мата, Фелаини и Лукаку, Палас испратен со „покер“ (Видео)

Расположен Јунајтед, стрелаа Мата, Фелаини и Лукаку, Палас испратен со „покер“ (Видео)

Во Премиер лигата со почеток од 16:00 часот се одиграа пет средби.

Манчестер Јунајтед одигра нов одличен натпревар и славеше во натпреварот против Кристал Палас на домашен терен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ на самиот старт стигнаа до предност, а стрелец беше Мата после одличниот продор на Рашфрод. Во 35 минута Ешли Јанг испрати остар центаршут, а истиот на најдобар начин знаеше да го искористи Маруан Фелаини кој со глава погоди за зголемување на предноста.

Во вториот дел иста слика на теренот, Јунајтед беше тимот кој доминираше, а таквата игра ја искористија и погодија после само пет минути игра, а повторно стрелец беше Маруан Фелаини, а втора аистенција на натпреварот забележа Маркус Рашфорд. Конечните 4:0 ги постави Ромелу Лукаку во финишот од средбата.




Во останатите натпревари, Бурнемоут одигра 0:0 против Лестер, ВБА го совлада Вотфорд со 2:1, Стоук го совлада Саутемптон со 2:1, додека Вест Хем го совлада Свонси со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…