Светски познатиот фудбалски агент, се наоѓа на северот на Италија, медиумите шпекулираат дека Јуве би можел да добие големо и неочекувано засилување.
Како што пренесува италијанската „Газета“, Мино Раиола во овој момент се наоѓа во Торино, а друштво му прави, Златан Ибрахимовиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познато е дека Ибра во овој момент е без клуб. До сега најмногу се шпекулираше дека Швеѓанецот кариерата би можел да ја продолжи во САД, но самиот фудбалер верува дека сеуште има квалитет да се натпреварува на највисоко ниво.
Покрај тоа, Ибра не сака да замине без да го освои трофејот кој му недостасува, Лигата на шампионите. Поради тоа неговата посета на Торино на големо се поврзува со негово враќање во редовите на „старата дама“.
Ибрахимовиќ во Јуве дефинитивно би бил резервна опција за Гонзало Игуаин, но младиот Патрик Шик кој ова лето го договори трансферот во Јуве би добил фантастичен ментор.
Да потсетиме, Ибрахимовиќ во дресот на Јувентус настапуваше од 2004 до 2006 година, а на 92 настапи постигна 26 погодоци.
За крај да се потсетиме на најдобрите моменти во периодот кога го носеше дресот на црно-белите од Торино.