Дома Фудбал Ибрахимовиќ брзо губи пари: Неговиот бизнис доживеа неочекуван распад, па тој презеде очаен потег

Ибрахимовиќ брзо губи пари: Неговиот бизнис доживеа неочекуван распад, па тој презеде очаен потег

Легендарниот фудбалер дојде на идеја да се испроба во друг спорт, но не како играч.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Паделот е сметан за еден од најбрзо растечките спортови низ светот, а Ибрахимовиќ имаше идеја да го подигне “светот на падел” во Шведска на повисоко ниво.

Златан Ибрахимовиќ вложи милионска сума во развојот на овој спорт во неговата земја. Отвори центри во неколку града во Шведска преку својата мрежа “Padel Zenter”.

Проценката беше дека популарноста на овој спорт ќе расте со истото темпо, но некогашниот фудбалер на најтежок начин дозна дека таа процена е погрешна.

Побарувачката за термини за играње падел значително падна во Шведска која сега има премногу терени.

Во моментот кога падел стигна во оваа земја, беше претставен како “златен спорт”. Ибрахимовиќ е една од јавните личности кои учествуваа во промоцијата на паделот, но сега се соочува со проблеми.

Според извештаите од Шведска, најголем проблем е фактот што цените за термини останаа високи и тогаш кога интересот почна да опаѓа, а тоа само го забрза падот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…