Дома Фудбал Хаос во Бразил: Хулк удри играч со тупаница од зад грб, поделени 23 црвени картони! (Видео)

Хаос во Бразил: Хулк удри играч со тупаница од зад грб, поделени 23 црвени картони! (Видео)

Фудбалерите на Крузеирo и Атлетико Минеиро изминатата ноќ се соочија во финалето на првенството на државата Минеиро, Бразил, а натпреварот беше обележан со жестока тепачка помеѓу играчите на теренот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Крузеирo триумфираше минимално со 1:0 благодарение на голот на Каио Жорге во 60. минута, кој откако доби асистенција од Жерсон, стрелаше во мрежата, но дуелот се најде во центарот на вниманието поради други сцени.

Токму тогаш дојде до целосен хаос на теренот и воведна тепачка помеѓу играчите, по дуелот помеѓу голманот на Атлетико Минеиро и напаѓачот на Крузеиro.

Напаѓачот на Крузеирo Кристијан падна преку голманот на гостите Еверсон откако тој стигна до топката пред него, а потоа Еверсон го зачекори и го удри со колено во глава.

Ова ја вжешти атмосферата пред голот на Атлетико Минеиро и играчите започнаа да се тепаат, настана хаос..

Особено внимание привлече срамниот потег на познатиот напаѓач Хулк, кој игра за Минеиро, со тоа што удри со тупаница во глава одзади на Лукас Ромеро.

За целиот хаос Дисциплинската комисија по натпреварот подели дури 23 црвени картони.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …