Криштоф Пјонтек минатата сезона беше вистинска сензација во Серија А, но оваа сезона се вклопи во „сивилото“ на Милан.
Полскиот напаѓач игра слабо оваа сезона, а после доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ сигурно неговата минутажа драстично ќе се намали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Милан е спремен да го продаде, а веќе пристигна првата понуда и тоа од Премиер лигата. Имено, Астон Вила е силно заинтересирана за голгетерот и испратила понуда од 30 милиони евра.
„Росонерите“ пред една година за Пјонтек платија 35 милиони евра, а сега се спремни да ја прифатат понудата од Астон Вила.
Наскоро двата клуба ќе седнат на преговарачка маса, а 24 годишниот напаѓач дал согласнот за преселба во Премиер лигата.