Дома Трансфер зона Официјално: Пјонтек се врати во Серија А

Официјално: Пјонтек се врати во Серија А

Полскиот напаѓач Криштоф Пјонтек повторно ќе го гледаме во Серија А.

Пјонтек своевремено блескаше во Џенова во најсилната италијанска конкуренција, потоа следуваше трансфер во Милан, а таму освен во првите натпревари не покажа премногу.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Набрзо следуваше заминување од редовите на „росонерите“, нова дестинација за Пјонтек беше Херта. Сега во италијанскиот фудбал се враќа во редовите на Салернитана.

Салернитана добро ја започна новата сезона, но и добро работи во финишот од преодниот рок. Клубот од југот на Италија Пјонтек го доведе на едногодишна позајмица за еден милион евра и ќе има право да го откупи за осум милиони евра.

Пјонтек е второ звучно засилување за тимот на Давиде Николае во шпицот на нападот откако претходно по слична формула беше ангажиран Булае Дија од Виљареал. Пјонтек никако не успеваше да ја пронајде формата од Џенова, а ако тоа се случи во Салернитана нема сомневање дека ќе биде големо засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…