Дома Трансфер зона Пјонтек и Пандев повторно соиграчи: Полскиот напаѓач се враќа да ја спасува Џенова!

Пјонтек и Пандев повторно соиграчи: Полскиот напаѓач се враќа да ја спасува Џенова!

Полскиот напаѓач Криштоф Пјонтек играше фантасичен фудбал по доаѓањето во Џенова во 2018 година.

Тимот од Луиџи Ферари го доведе од Краковија за само четири милиони евра, а тој експлодираше со постигнати 19 голови на 21 натпревар. Таквата форма му донесе трансфер во Милан вреден 30 милиони евра, но на „Сан Сиро“ Пјонтек не успеа да ги повтори настапите од Џенова.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Помеѓу „росонерите“ Пјонтек се задржа само една година. Направи трансфер во Германија каде што исто така не се пронајде и не играше на високо ниво.

Сега таквите лоши настапи можат да го вратат во Џенова. Според информациите на италијанските медиуми договорено е негово враќање. Џенова се бори за опстанок и сигурно дека Пјонтек може да добро да дојде на тимот на Андреј Шевченко.

Пјонтек ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната, Џенова ќе има можност да го откупи за 17 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…