Дома Фудбал Лига на шампиони ПСЖ против Аталанта стартува без Мбапе

ПСЖ против Аталанта стартува без Мбапе

Вечерва се игра првиот натпревар од четвртфиналето во ЛШ во кој се среќаваат екипите на Аталанта и ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Завршницата на ЛШ се игра во Лисабон, а познато е дека ќе се игра само еден натпревар. Четвртфиналето го отвараат Аталанта и ПСЖ, па многумина очекуваат спектакуларен натпревар.

Аталанта е најпријатното изненадување во ЛШ, но ПСЖ е еден од фаворитите и посебно може да не радува тоа што и двата тима играат напаѓачки фудбал.

Натпреварот се игра од 21 часот, а Тухел и Гасперини ги објавија составите. Тренерот на ПСЖ со мали проблеми, бидејќи Мбапе не може да го започне натпреварот, па мораше да импровизира во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФИФА во текот на Мундијалот ќе менува правило?

ФИФА ја разгледува можноста за измена на правилата за изведување на пенали, дури и на сред…