Дома Фудбал Останато ПСЖ вложува и во иднината: Продолжен договорот со талентираниот дефанзивец

ПСЖ вложува и во иднината: Продолжен договорот со талентираниот дефанзивец

Младиот дефанзивец го продолжи договорот со ПСЖ до 2023 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред натпреварот против Црвена Звезда во Лигата на шампионите, ПСЖ одлучи да инвестира во иднината. Клубот од Париз на својот официјален сајт соопшти дека го продолжил договорот младиот десен бек Колин Дагба до 2023 година.

Станува збор за момче родено 1998 година кое пристигна во Париз пред три години како еден од најталентираните играчи во Франција. Зад своето име има три натпревари во сениорскиот тим на ПСЖ, но јасно е дека пред него долг процес на докажување.

ПСЖ во овој момент на неговата позиција го има неприкосновениот Тома Мание, додека Дани Алвес се опоравува од повредата.

За вториот натпревар на „светците“, Дагба одигра 25 натпревари. Во Париз сметаат дека Дагба може многу да им донесе во иднина. Ова лето одигра и неколку натпревари за ПСЖ во рамките од неофицијалниот подготвителен Интернационален куп.

https://www.youtube.com/watch?v=WWWs7OYt9GI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…