Дома Топ вести Пропадна трансферот на Суарез во Јувентус

Пропадна трансферот на Суарез во Јувентус

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Луис Суарез нема да се пресели во Торино, бидејќи Уругваецот ги прекинал преговорите со „старата дама“.

Напаѓачот на Барселона ја отфрлил опцијата да замине во Торино, и покрај тоа што веќе ги договори условите со „старата дама“ околу личните примања и должината на договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Причина за ваквата одлука на Суарез е тоа што ако Уругваецот направи трансфер нема навреме да ја добие потребната документација и нема да може да игра во групната фаза во Лигата на шампиони.

Бирократската процедура за добивање пасош нема да биде комплетирана до 6-ти октомври кога завршува трансфер пазарот, па тоа ги комплицира работите.

Луис Суарез ова лето сигурно ќе си замине од Барселона, па сега е отворен да слушне понуди од други клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…