Американската МЛС лига го прогласи најкорисниот играч.
Во елитниот ранг на натпреварување во САД остана да се одигра само уште финалето од плеј-офот и во него ќе играат Атланта Јунајтед и Портланд.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Оваа година во МЛС лигата гледавме некои големи ѕвезди на европскиот фудбал, а најголеми секако беа Златан Ибрахимовиќ од ЛА Галакси и Вејн Руни кој го носеше дресот на Ди-Си Јунајтед.
Ибрахимовиќ и Галакси не стигнаа до плеј-офот, додека Ди-Си Јунајтед со Руни беше елиминиран во првата рунда од Колумбус.
И едниот и другиот оставија одличен впечаток во регуларниот дел од сезоната. Ибра беше втор стрелец со 22 погодоци, имаше и 10 асистенции, додека Руни стрелаше 12 пати и шест пати асистираше.
Сепак и покрај тоа не успеаа да стигнат до наградата МВП, која се доделува за најкорисниот играч во лигата. Ова признание го освои играчот на Атланта Џозеф Мартинез.
Поранешниот фудбалер на Торино во својата втора сезона во МЛС постигна 31 погодок и така го собори рекордот на лигата, па покрај „Златната копачка“ беше прогласен и за најкорисен играч.
Тој доби убедливо најмногу гласови, додека зад него заврши Мигел Алмирон, исто така од Атлната. Ибрахимовиќ и Руни завршија на третатата и четвртата позиција.