Стратегот на Интер Мајами, Герардо Мартино ја откри ситуацијата со повредата на Аргентинецот, Лионел Меси.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Легендарниот аргентински фудбалер го повреди зглобот на десната рака во финалето на Копа Америка против Колумбија, кое неговиот тим го доби со минимални 1:0.
Мартино изјави дека сигурно нема да може да смета на Меси на претстојните два натпревари во првенството, по што Аргентинецот би требало да биде спремен.
„Го свитка зглобот и има повреда. Веќе имав можност да ја видам снимката. Ќе направиме тестови за да ја утврдиме сериозноста на ситуацијата. Секогаш добиваме информации од нашиот кинезиолог Валтер Инсаурралде, кој е и кинезиолог на аргентинската репрезентација. Дијагнозира многу внимателно пред да ги добие резултатите од тестот“, изјави Мартина за „ESPN“.
На 18 јули Интер Мајами ќе игра против Торонто, а три дена подоцна против Чикаго.
Меси оваа сезона во МЛС лигата постигна 12 гола на исто толку натпревари со 14 асистенции.
По 23 одиграни натпревари, тимот од Флорида е втор во Источната конференција со бод помалку од водечкиот Синсинати.