Дома Фудбал Останато Бока Јуниорс остана без тренер

Бока Јуниорс остана без тренер

Tренерот на Бока Јуниорс, Диего Мартинез изминатата вечер поднесе оставка од функцијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оставката на Мартинез доаѓа по вчерашниот пораз од Белграно по кој Бока падна на 12. позиција на табелата во првенството. Во ваква ситуација шансите за титулата се скоро и изгубени бидејќи аргентинскиот гигант има 12 бода помалку од Велез и тоа со натпревар помалку.

„Си заминувам откако разговарав со управата и со фудбалерите. Им благодарам на клубот и претседателот за укажаната доверба и верувам дека во овој момент и покрај чувството дека сите сме виновни, најдобро е да заминам за да дојде до промена“, изјави Мартинез.

Претходниот викенд, Бока беше поразена и во дербито со Ривер Плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дешамп го повика Мбапе да излезе од игра. Погледнете ја неговата реакција после тоа

ФРАНЦИЈА ја совлада Шведска со 3:0 во Њу Џерси во шеснаесеттина финалето на Светското прве…