Фудбалерите на Барселона вечерва пред своите навивачи во дербито на третото коло во Лигата на шампионите игра против стариот ривал Интер.
Каталонскиот клуб е фаворит во натпреварот на „Ноу Камп“, но во Интер се разбудија надежи поради нивната добра форма, но тоа што Каталонците не можат да сметаат на Лионел Меси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ернесто Валверде е во проблеми поради составот, односно тоа – кој ќе го замени Меси. Се очекуваше тоа да биде Дембеле, но работите се променија бидејќи шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Барса е разочаран од однесувањето на францускиот фудбалер.
Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека Валверде покажал незадоволство поради однесувањето на Дембеле. Наводно, стратегот е лут на фудбалерот поради неговиот пристап на натпреварите и тренинзите. Валверде смета дека однесувањето на Дембеле не е соодветно и поради тоа би можел да го пресели на трибините.
Во корист на Дембеле не оди и тоа што навивачите не се задоволни од неговите настапи. На натпреварот против Севиља токму Дембеле влезе на местото на Меси, но во финишот на натпреварот доби свирежи поради начинот на кој го одигра натпреварот.