Дома Македонски спорт Мак фудбал Прилеп добива модерен стадион!

Прилеп добива модерен стадион!

Фудбалската федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и „Хет трик 4“ програмата за развој, официјално ги започна активностите за изградба и реконструкција на нов, модерен и квалитетен фудбалски терен со природна трева, како и поставување на рефлекторско осветлување на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Според проектот во кој ФФМ ќе инвестира еден милион евра, прилепскиот стадион ќе има капацитет од 18.000 места, а ќе биде направен според сите критериуми на УЕФА за играње дури и на меѓународни натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Планирано е и хортикултурно уредување околу стадионот, како и изградба на паркинг простор. Исто така планирано е стадионот да добие нови трибини, нови соблекувални и осветлување за да може на него да се играат и ноќни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот шта…