Дома Фудбал Останато Претседателот на УЕФА стана дел од Common Goal: Ќе донира дел од платата во хуманитарни цели

Претседателот на УЕФА стана дел од Common Goal: Ќе донира дел од платата во хуманитарни цели

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се обврза да дава 1% од својата плата во хуманитарната организација на Хуан Мата наречена „Заедничка цел“ или Common Goal.

Шпанскиот интернационалец и ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата е основач на хуманитарната организација „Common Goal“ и прв фудбалер кој се одлучи 1% од својата плата да оддвојува за хуманитарни цели, а неговиот чекор подоцна го следеа и други фудбалери како Матс Хумелс, Џорџо Киелини, Шинџи Кагава…

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сега и првиот човек на УЕФА Александар Чеферин одлучи да се приклучи на организација „Common Goal“ и да ја потврди својата хуманост со донација од 1% од својата плата.

Чеферин се сретна со фудбалерот на Манчестер Јунајтед во седиштето на УЕФА во Швајцарија.

„Цврсто верувам дека фудбалот има моќ и бев инспириран од Хуан Мата и неговата иницијатива. Добро е што фудбалер ја води оваа иницијатива, бидејќи фудбалерите добро профитираа од фудбалот и на овој начин можат да возвратат нешто назад во општеството. Ги повикувам сите во интернационалниот фудбал, сите фудбалери, тренери, фудбалски работници, лиги и спонзори да донираат во хуманитарни цели и да покажат дека се грижат општеството“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ: Никогаш не помислував дека можам да ја освојам „Златна топка“ во време на тие „ѕверки“

Во третиот дел од големото интервју со Лука Модиќ во емисијата “(Не)успех на шампион…