Дома Фудбал Италија Пресврт: Јувентус и Интер сепак ќе играат пред полни трибини?

Пресврт: Јувентус и Интер сепак ќе играат пред полни трибини?

Jувентус и Интер ќе се сретнат во сабота во 26. коло во Серија А и иако беше најавено спротивното на овој натпревар би можело да има навивачи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претседателот на италијанскиот регион Ломбардија, Атиљо Фонтана даде изјава во која кажа дека ситуацијата со коронавирусот се проценува и дека во сабота ќе биде донесена конечната одлука за натпреварите од 26. коло.

„Се надевам дека нема да има паника и дека навивачите ќе можат да го гледаат натпреварот помеѓу Јувентус и Интер. Јас верувам дека се ќе се заврши позитивно. Ќе провериме детално и во сабота ќе донесеме долука“, изјави Фонтана.

Ќе потсетиме, Владата на Италија донесе одлука да ги завори вратите за шест натпревари во Серија А, помеѓу кои беше и споменатото дерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Феран Торес се поблиску до трансфер во ПСЖ

Феран Торес ги договори личните услови со Париз Сен-Жермен и има желба да ја продолжи свој…