Џанлуиџи Буфон денес и официјално беше претставен како нов голман на Пари Сен Жермен.
Легендарниот голман на 40 години се одлучи да ја напушти родната земја и Јувентус во кој помина најголем дел од својата кариера цели 17 години, а кариерата ја започна во Парма.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После доаѓањето во Париз легендарниот голман истакна дека му претставува голема чест што е тука.
„Ми претставува голема чест што сум член на ПСЖ. За прв пат ја напуштив родната земја, а дојдов бидејќи ме привлече проектот кој ми беше претставен. Со себе носам големо искуство и енергија, но жед за победа. Сакам да му помогнам да клубот да стигне до посакуваните резултати. Сите ние го претставуваме прекрасниот град Париз и овој град заслужува да има клуб во врвот на светскиот фудбал“, изјави Буфон.
? DEAL DONE: PSG have confirmed the signing of Juventus goalkeeper Gianluigi Buffon. (Source: @PSG_Inside) pic.twitter.com/J5uzemgXJZ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 6, 2018