Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува следното лето.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Преговорите за нов договор траеа подолго време бидејќи двете страни не можат да најдат заеднички јазик.




Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 6,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.




Последните информации од Италија се дека сепак двете страни постигнале начелен договор и наскоро Хрватот ќе стави потпис на нов договор.
Имено, Брозовиќ ќе потпише 4-годишен договор според кој ќе заработува 5,5, милиони евра по сезона.