Фудбалската јавност денеска ја шокираше веста од Португалија дека легендарниот голман Икер Касиљас доживеал срцев удар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Угледната Марка објави дека Касиљас итно бил пренесен во болница откако се срушил на тренингот, а докторите потврдиле дека добил срцев удар.
Сепак, за цела среќа лекарскиот тим на Порто брзо реагирал и била избегната катастрофа. Првите информации од Порто велат дека Икер е во стабилна состојба и не се наоѓа во животна опасност.
Многумина со резерва ја земаа веста за Касиљас, но Порто на крајот потврди дека тоа за жал е вистина. Португалскиот клуб испрати порака на Фејсбук за поддршка на шпанскиот голман.
„Секогаш заедно. Форца Икер.“ – стои во описот од Порто на Фејсбук.